Ford ќе го развива новиот Mach-E со помош на VW

41

Ford ја претстави својата стратегија и план да стане производител на целосно електрични возила во Европа од 2030 година, а голема помош ќе има и од Volkswagen.

Ford ќе добие голема помош од Volkswagen во својата стратегија за електрификација. Откако „Синиот овал“ ги најави своите планови, според кои од 2030 година ќе произведува исклучиво електрични автомобили, Volkswagen групацијата потврди дека благодарение на технолошката алијанса меѓу двата автомобилски гиганти, Ford ќе може да побрзо да ги исполни своите планови. Пред се, Ford ќе добие помош кога станува збор за развојот на новиот, компактен Mustang Mach-E. Тоа значи дека компанијата ќе ја користи платформата на Volkswagen за електрични возила. Од друга страна, Ford на VW ќе му помогне со развојот на комерцијални возила, категорија во која е светски лидер. Според плановите, американскиот гигант годишно ќе купува околу 100.000 MEB платформи од Volkswagen почнувајќи од 2023 година.

Но, Ford нема да ја добие само платформа. Имено, помошта ќе пристигне и кога станува збор за системот на потпирање, сопирачкиот систем, моторите, батериите и голем дел од софтверот кој е потребен за функционирање на целиот погон и системите за асистенција на возачите.

Помалата верзија на Mustang Mach-E ќе се произведува во Келн. Oсвен што помалиот автомобил ќе личи на својот постар „брат“, ќе има огромни сличности и со Volkswagen ID.3 и ID.4. Засега не е познато дали овој модел ќе биде резервиран исклучиво за Европа. Сепак, дел од европските медиуми најавуваат дека Ford планира целосно да ја „експлоатира“ Mach-E значката за цела постава на електрични кросовери.

Малиот Mach-E кросовер ќе има слични димензии како Ford Focus, а во моментов не се познати никакви спецификации. Со оглед на тоа дека ќе ја користи механиката од VW ID.3 и ID.4, малиот електричен кросовер ќе пристигне со батерии од 58 или 77 kWh и моќност од 143 до 201 КС.

Преземено од Avtoplus.mk