Ford ќе инвестира 11,4 милијарди долари во фабрики за електрични возила

35

Ford објави голема инвестиција во производството на електрични возила во САД, ветувајќи дека ќе ја изгради својата најголема фабрика досега во Тенеси и два паркови за батерии во Кентаки.

Според планот, кој вклучува 11,4 милијарди долари, производителот на автомобили вели дека ќе произведува автомобили и пикапи со нула емисија на штетни гасови за американските купувачи.

Исто така, ќе се отворат 11.000 работни места. Како и ривалите General Motors и Stellantis, Ford се надева дека околу половина од автомобилите што ги продава до 2030 година ќе бидат со нула емисија на штетни гасови.