Ford Mondeo заминува во пензија

98

Mondeo има само уште една година живот, откако Ford потврди дека нивниот славен модел по 30 години ќе замине во пензија од март 2022 година.

Автомобилскиот производител Ford по три децении постоење, реши да го испрати својот глобален модел Mondeo во заслужена пензија. Откако Синиот овал го запре производството на Fusion минатата година, неговиот “европски брат“ ќе се соочи со истата судбина кон крајот на март 2022 година.

Ford ги соопшти своите планови да стави крај на производството на својот препознатлив седан и караван во фабриката во Валенсија поради “растечките промени во побарувањата на клиентите“. Со други зборови, растот на популарноста на кросоверите и SUV моделите драстично ја намалија побарувачката за седаните и караваните на Стариот континент. Иако Ford успеа да продаде повеќе од пет милиони примероци на Mondeo во Европа од неговото претставување во 1993 година и неговата популарност која ја имаше долг период, во последните години навистина се мачи со продажбите.

Вакво нешто можеше да се очекува, а од Ford за Automotive News Europe истакнаа дека “сегментот во кој се натпреварува Mondeo се мачи веќе со години и продажбата е опадната за 80 проценти од 2000 година. Ford ги еволуира потребите на патниците со нашиот фокус кон целосно електричната иднина. Компанијата целосно насочена кон развивање на своето портфолио во Европа, зацврстувајќи ја позицијата на моделите како Kuga, Puma и Explorer PHEV“.

Производителот неодамна најави дека секое возило во нивната европска постава ќе биде електрифицирано до 2026 и целосно електрично до 2030 година. Ford исто така најави и огромна инвестиција во фабриката во Валенсија со цел да го поддржи составувањето на батериските пакувања.

Од Ford исто така најавија и дека името Mondeo нема да продолжи да живее. “Иако не коментираме шпекулации кои се однесуваат на нашите планови за производи, можеме да истакнеме дека немаме никакви планови за иднината на Mondeo во Европа“.