ForGood – платформа што поврзува донатори со оние кои имаат потреба од донации

Фото: Pixabay

ForGood претставува онлајн платформа што ги поврзува луѓето кои сакаат да помогнат со оние на кои таа помош им е потребна.

Платформата се базира на онлајн состаноци на донатори и оние кои имаат потреба од донации. Се работи за своевиден “социјален пазар“ на којшто лесно и брзо може да се понудат и добијат различни производи, услуги, информации и вештини.

Крајна цел на оваа платформа е да се создада 100.000 социјални жители – лица кои ќе ја користат платформата за да овозможат позитивни промени во општеството.

ForGood може да се користи за поврзување со невладини организации, хуманитарни здруженија и други форми на организации за да им се обезбедат неопходни донации и услуги.