Формула 1 се враќа во Африка?

37

Трките во Формула 1 би можеле да се вратат во Африка по многу децении, бидејќи раководството на Ф1 преговара со организаторите во Јужна Африка, каде што последната трка досега беше во 1993 година, јавува британски Би-Би-Си.
Претседателот на Формула 1 Стефано Доменикали отпатува за Јужна Африка по неделната трка во Баку, каде ќе се сретне со претставници на локалните власти и организатори на тркачката патека Кјалами.

Носителот на маркетиншките права во Формула 1, Liberty Media, е за што побрзо враќање на африканската трка во календарот на Светското првенство, а според некои информации и страните се многу блиску до договор. Доколку тоа се случи следната година, Формула 1 би можела да има дури 24 трки во 2023 година, што би било најмногу досега. Новото место на одржување следната година исто така ќе биде Лас Вегас.

Кјалами редовно беше домаќин на трки во Формула 1 во 1970-тите и 1980-тите, а последната досега беше во 1993 година, а подоцна ги немаше на африканскиот континент.