Fortenova group добива две понуди за Ledo – и двете над 600 милиони евра

60

Хрватска Fortenova group доби две понуди за продажба на најголемиот производител на индустриски сладолед и дистрибутер на замрзната храна во земјата, Ledo во износи повисоки од 600 милиони евра, пренесуваат тамошните медиуми.

Fortenova доби понуда од американско – британската компанија Nomad Foods од над 600 милиони евра, а другиот понудувал, дал уште поголема понуда, но под услови што не биле прифатливи, па според порталот Index, компанијата почнала преговори со Nomad Foods.

Фабрис Перушко, претседател на управата на Fortenova, очекува купопродажниот договор да биде потпишан на крајот на првиот квартал, а трансакцијата да биде реализирана во текот на летото.

Nomad Foods е еден од водечките играчи на европскиот пазар на замрзната храна во чие портфолио влегуваат: Bird Eye, Findus, Iglo, Aunt Besie’s и Goodfella’s.

Фото: Facebook