Форум за развој на туризмот во спортско-рекреативниот центар Пониква

47

Во ОУ Св. Кирил и Методиј, во Кочани, со почеток во 18 ч. форумот на заедницата во општините Пробиштип и Кочани, денес ќе ја одржи четвртата форумска сесија на тема Развој на туризмот во спортско-рекреативниот центар Пониква.

На сесијата жителите од двете општини ќе имаат можност да ги презентираат своите предлог проекти, објаснувајќи ги целите, буџетот, посакуваните резултати, процесот на имлементација и одржливоста, на секој од предложените проекти.

Настанот ќе биде отворен за сите граѓани кои сакаат да дадат активен придонес во локалниот развој.

Преку ваквите форуми во заедницата, граѓаните на општините Пробиштип и Кочани одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се превземат за подобрување на животот во локалната заедница.

Општините и донаторот – Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) ќе обезбедат заеднички буџет за проектите на граѓаните од вкупно 6.800.000 денари.