Фото: Карневалско лудило во Бразил 

81

Бразил овие денови пулсира во ритамот на карневалите. Во многу градови низ Бразил се одржуваат улични паради на коишто доминираат колоритни костими, звуци на самба, голем број посетители од целиот свет.

За градот Салвадор карактеристични се големите камиони, познати под името trio electrico, на коишто се поставуваат бини и озвучување. Настапуваат музичари кои свират локална музика. Камионите кружат низ градските улици, додека забавата ја следат околу три милиони весели луѓе. Овој концепт, музичарите го започнале во 50-тите години на минатиот век.

Каква е атмосферата во овој бразилски град, погледнете ја фото галеријата.

Фото: Ивана Јариќ