ФОТО: Ужасни услови за живот на градежниците во Катар пред СП во 2022

23

katar losi uslovi

Постојат 1,4 милиони мигранти кои работат во Катар, мала земја што се простира на Арапскиот полуостров, богата со нафта, а која ќе биде домаќин Светското фудбалско првенство во 2022 година, пренесува Business Insider.

Голем дел од овие мигранти доаѓаат од сиромашни региони од југоисточниот дел на Азија, а работат под архаичен систем наречен калафа, според кој човековите права се поистоветуваат со модерно ропство.

Се проценува дека 4.000 од тие работници ќе починат пред почетокот на Светското првенство што треба да се одржи за осум години.

banja katar

Американскиот кабелски и сателитски телевизиски канал ESPN го испрати новинарот Џереми Шаап во Катар, од каде се врати со застрашувачки фогографии. Тој посети камп со мигранти сместен во периферијата на Доха, а беше сведок на бедата и лошите услови во кои живеат овие работници.

katar zgrada

Овие луѓе се принудени да работат со часови на жешкото сонце. Како резултат на лошите услови за работа, голем е бројот на работници што го губат животот како последица од срцев удар. Амбасадата на Индија во Катар информираше дека 241 работник од нивната земја починал во Катар во 2013 година. Амбасадата пак на Непал, соопшти дека лани во Катар починале 185 работици.

katar uslovi

Владата на Катар тврди дека нема ниту една жртва во рамки на проектите за подготовка на земјата за фудбалскиот настан. Земјата има за задача да ја изгради потребната инфраструктура, за која вообичаено се потребни и неколку децении, за да може да ја угости светската фудбалска елита.