Фотосторија: CEED Hub Skopje домаќин на Pitch and Ice Cream, бизнис дружење и промоција на идеи

156

На 17 мај во дворот на CEED Hub Skopje се одржа завршнот настан на 3 месечната предакцелераторска програма, во којашто учествуваа 8 тимови кои работеа од идеа до првична верзија на својот производ односно услуга.

На завршниот настан Pitch and Ice cream, презентираа 7 од тимовите пред дел од бизнис ангелите на CEED BA Club, како и пред други претставници од бизнис и научно едукативната заедница.

На настанот присуствуваа 40-тина луѓе, а на крајот беа доделени сертификатите до сите ментори и учесници на предакцелераторската програма.

Овие 8 тимови ќе продолжат и понатака да го користат CEED Hub Skopje за идните активности. Во следниот период се очекува голем дел од нив да влезат и во следната фаза, акцелераторската програма.

После ова средба, некаде на почетокот на месец јуни, ќе се организира уште една средба на која ќе бидат поканети дел од сегашните претставници, кои ќе влезат во втор круг, како и некои поранешни претставници на бизнис идеи.

Тимовите кои беа дел од предакцелераторската програма се:

Јана Ѓорѓиевска од Лисичко, компанија која изработува интерактивни едукативни видеа за деца од претшколска возраст на македонски јазик.

Весна Богатиноска од Sweet and Fit, онлајн слаткарница каде ќе се продаваат здрави колачи, торти, барови, смути, сладолед и др.

Валентин Данилоски од ТабМакер – јавно достапна работилница за изработка и преработка на метали и дрво.

Горан Василевски  од TimeSever – мобилна NFC наплата во локали, кафулиња, дискотеки итн.

Трајанка Мицковска и Вероника Вескова од VT Power – дијагностички центар за анализа и трансформација на конвенционални во елекрични возила. Иницијатива произлезена од студенти на Машински Факултет Скопје кои заедно со професор работеа на проектот E4wheels.

Таки Гаковски од Шиноби Таисо, програма на јапонски вежби за растегнување и зацврстување на телото.

Александра Атанасовска од Morpho – дигитална платформа за креација и дизајн на накит-филигран, кој потоа рачно се изработува.

Александар Димитровски од Preporacaj.mk – агрегатна маркетинг платформа за социјални медиуми за споделување препораки за разновидни производи и услуги