Фотосторија: Кабтел домаќин на презентацијата CONNEX MACEDONIA 2018

6

Компанијата Кабтел, којашто е сертифициран бизнис партнер на Alcatel – Lucent enterprise за Македонија, во хотелот Александар Палас во Скопје, беше домаќин на презентацијата CONNEX MACEDONIA 2018.

На оваа презентација беа претставени најнови апликации и можности од областа на говорните и податочните технологии.

Презентацијата ја отвори Горан Митрески – Главен извршен директор на Кабтел, а свои излагања имаа и Bogdan Ciobanu – Регионален менаџер за продажба за Југоисточна Европа, Mustafa Aydinalp – Технички менаџер за комуникациски решенија за Турција, Балкан и Азерјбејџан, Alcatel – Lucent Enterprise,  Alp Doruk Cetinkaya – Менаџер за мрежна претпродажба за Турција, Балкан и Азерјбејџан Alcatel – Lucent Enterprise како и Andrea Scaietti – Регионален директор за Медитеранот, Турција и Балканот, Alcatel – Lucent Enterprise.