Фотосторија: Втор мини саем на CEED Бизнис клуб

93

CEED бизнис клубот вчера во салонот за свадби и прослави Аликас, којшто е воедно и дел од клубот, го организираше својот втор Мини саем.

Компаниите што се дел од клубот, во инспиративна атмосфера со пријатна музика и чашка Златен Даб, ги претставија своите производи и услуги, се дружеа и разменуваа искуства и контакти.

CEED Мини саемот беше специјално дизајниран со цел на едно место да се направи промоција на новитетите на компаниите и меѓусебно вмрежување.

CEED Македонија веќе 11 години игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни, а CEED Бизнис клубот е најдоброто место за личен и деловен развој. Целта на CEED е да креира заедница на претприемачи и да ги поддржи менаџерите и нивните тимови во растот на бизнисите.

Годинава изложувачи на саемот беа Прилепска Пиварница, Neocom, Neotel, Refan (Biro-Prom), Kabtel, Medicus Help, Intersoft, Vrabotuvanje.кom, Адвокатска канцеларија Чакаровска, Рептил маркети, Kuehne+Nagel, Ice Technology, Geonet, Accent, Mar-Saz, Softnet, iStyle, Alikas, Aleks Dizajn и Две Шмизле.

Меѓу другото компаниите iStyle и Geonet годинава прославуваа роденденски јубилеј од постоењето.