Фотосторија: Закројување на лозјето во Повардарие со надеж за многу род и бериќет

172

12

Македонските лозари ги закроија лозјата во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите. На овој ден, лозјата се прскаат со осветена вода и се потсекуваат сè уште незапупени гранчиња.

13

Се верува дека преку овој чин, Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме и ќе донесе здравје, бериќет, богат род, многу грозје и вино.

4

Пред закројувањето, стеблото од лозата се полева со вино и ракија од ланската берба.

5

6

Чинот на закројување е дел од традицијата и на Винарската визба Повардарие од Неготино.

7

“Почнувајќи од 1998 година, ја возобновивме вековната традиција на прославување на 14 февруари – Св. Трифун, заштитник на лозарите. Секоја година на овој датум Винарска Визба Повардарие организира закројување на лозјата во присуство на свештени лица и гости од целата Република, а по закројувањето се доделуваат пригодни награди за најдобрите лозари и се продолжува со дегустација на вина. Би сакале и се трудиме оваа манифестација во иднина да биде една од поголемите во Македонија, со која Неготино и Винарска Визба Повардарие ќе се препознаваат насекаде”, велат од компанијата.

1

Сместена во срцето на повардарскиот регион во кој се одгледуваат најквалитетни сорти грозје, Повардарие е основана уште во 1963 година. Почна со само 25 вработени и капацитет од 500.000 литри, а 50 години подоцна е успешна компанија која вработува 120 луѓе и има капацитет од 30 милиони литри.

2

Кон крајот на 2008 година компанијата ја превзема АД Вино Жупа – Александровац, Р. Србија, со што започнува нова ера во работењето на Повардарие.

8

Повардарие произведува вина од неколку различни сорти грозје – Мерло, Каберне Совињон, Вранец и Пино ноар од црвените, како и Шардоне, Жилавка, Смедеревка, Траминец, Ризлинг, Совињон бланк и други бели сорти на грозје. Освен вино, произведува и жестоки пијалоци, како Стара лозова жолта, Лозова жолта ракија, Грапа и Вињак.

11

Винарска визба Повардарие е извозно ориентирана компанија. Повеќе од 80% од производството се продава како наливно или флаширано вино во Србија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Словенија, Чешка, Германија…

9

10