Франција: Директорите повеќе нема да одат во затвор

19

pariz

Директорите на компаниите во Франција повеќе нема да се соочуваат со затворска казна доколку прекршат некои од работничките права, изјави францускиот министер за економија Емануел Макрон, пренесува Блумберг.

Промената е направена поради загриженоста што ја изразиле странските инвеститори, а доаѓа и како дел од промената на француското законодавство со цел да се поттикне бизнисот и да се зајакне економскиот раст.

Во иднина, за нарушување на работничките права и прекршување на законската регулатива во тој дел ќе следуваат парични казни, што е пракса во другите земји.

Францускиот претседател Франсоа Оланд е во постојана потрага по модели и решенија за економски раст по тригодишната криза. Неговата цел е да ги поттикне економските партнери од Европската унија да ја користат Франција како земја за развој на нивниот бизнис.