Франција ги повлекува таблетите Diane 35 поради сомнителни смртни случаи

315

diane35

Фото: Bayer

Француските власти ќе ја запрат продажбата на хормонските таблети Diane 35 за третман против акни, кои често се користат и како терапија за контрацепција, поради загриженост дека предизвикуваат згрутчување на крвта. На ваков чекор се одлучиле затоа што овој лек се поврзува со четири сомнителни смртни случаи во последните 25 години.

Директорот на француската Агенција за безбедност на лекови, Доминик Маранинчи, изјави дека лекот Diane 35 се повлекува од пазарот, односно се забранува. На жените што го користат им препорача да не го прекинат одеднаш, туку во договор со лекарите постепено да ја менуваат терапијата. Лекот ќе се повлекува постапно, а од среда е забрането да се препишува на рецепт. Воедно, тој изјави дека овој лек не е одобрен како лек за контрацепција.

Според регулаторите, во Франција овие лекови на германскиот произведувач Bayer ги користат околу 315.000 жени.