Франција го намали буџетскиот дефицит

25

Буџетскиот дефицит на Франција на крајот на септември е намален на 85 милијарди евра, од ланските 92,7 милијарди евра, соопшти француското министерство за буџет.

Намалувањето на дефицитот е остварено делумно поради поголемиот раст на буџетските приходи во однос на расходите. Приходите се зголемени за 2,1% на 211,6 милијарди евра, а расходите за 1,2% на 273,3 милијарди евра.

“Буџетскиот дефицит на крајот на септември е намален за 7,7 милијарди евра во однос на истиот период минатата година, што е во рамките на планираното намалување на буџетскиот дефицит до крајот на годината за 7,2 милијарди евра”, соопшти министерството.

Француската влада предвидува оваа година буџетот да биде сведен од ланските 90,7 на 83,2 милијарди евра. Во предлог законот за финансирање за 2013 година, се предвидува дефицитот догодина да биде намален на 61,6 милијарди евра.