Франција ќе дели станови за бездомници

13

Француската влада најави дека наскоро ќе го разгледа предлогот за ставање на празните станови на располагање на бездомниците.

Францускиот премиер Жан-Марк Еро при посетата на Центарот за социјални прашања во Кретеј прецизираше дека владата за неколку недели ќе ја разгледа можноста, празните станови да им ги даде на располагање на лицата без сместување.

“Во тек е попис на сите празни државни станови и во зависност од потребите, ќе донесеме одлука во рамките на законот која очекуваме дека ќе биде применета”, изјави францускиот премиер.

“Станува збор за згради кои им припаѓаат на државните институции, администрацијата, големи претпријатија”, нагласи Еро.

Се претпоставува дека на територијата на Франција има околу 2,39 милиони такви станови.