Франција ќе ја поддржи економијата со 100 милијарди евра

42

Францускиот претседател Емануел Макрон најави усвојување на национален план за закрепнување од корона кризата, во вредност од најмалку 100 милијарди евра.

Макрон истакна дека во насока на очекуваното масовно зголемување на невработеноста, кое спрема проценките, ќе зафати помеѓу 800.000 до милион луѓе, националниот план за закрепнување ќе вклучува и долгорочна програма за скратено работно време во вредност од околу 30 милијарди евра.

“Подобро е да се намалат платите отколку работните места, но нема да има уцени… Се надевам дека вработените кои се согласуваат на такво откажување, еден ден кога работите ќе се подобрат, ќе бидат соодветно наградени за својот придонес. И акционерот, исто така, мора се жртвува во поглед на својата дивиденда“, изјави францускиот претседател.

Фото: Pixabay