Франција повеќе не добива руски гас

16

Испораките на руски гас за Франција беа прекинати на 15 јуни, соопшти денеска француската компанија за транспорт на гас GRTGaz, откако рускиот енергетски гигант Газпром неделава предупреди дека нагло ќе ги намали испораките во Европа, пренесе агенцијата Франс прес.

Франција повеќе не добива руски гас од гасоводот. Протоците на гас меѓу Франција и Германија преку Обергејлбах се прекинати поради намалените испораки од Русија, се наведува во соопштението на компанијата.

Во моментов, испораките на гас за Австрија, Германија и Италија се намалени и веќе се суспендирани во Бугарија и Чешка.

Газпром во вторникот објави дека мора да го намали снабдувањето со природен гас преку гасоводот Северен тек поради ненавременото враќање на пумпните единици од редовното одржување во Сименс, Германија и идентификувани дефекти на моторот.