Франција сака да ги вклучи осигурителните друштва во покривање на трошоците од пандемија

43

На Франција ѝ треба закон со којшто ќе се бара осигурителните компании да ги покриваат загубите поврзани со идните пандемии. Со таков став е министерот за финансии, Бруно Ле Мер.

“Државата нема секогаш да помага и да надоместува бизнис загуби на компании во идни пандемии“, рече Ле Мер за францускиот весник Ле Монд.

“Осигурителните компании ќе мора да се вклучат и тоа не на доброволна основа“, нагласи францускиот министер.

“Потребен ни е закон за воспоставување нов систем на осигурување против последици од пандемија“, објасни тој.

Фото: Pixabay