Франција собра седум милијарди евра од “зелени“ обврзници

24

evro

Франција за прв пат издаде “зелени“ обврзници, по што успеа да собере рекордни седум милијарди евра, пишува AFP. Средствата од продажбата на обврзниците, чијшто рок на доспевање е 22 години, ќе се користат за финансирање на проекти за решавање на климатските промени.

“Овој потег покажува дека Франција има веродостојна и цврста рамка за спроведување на Парискиот договор (за климатските промени)“, вели министерот за животна средина Сеголен  Ројал.

Купонската камата на обврзниците изнесува 1,75%.

“Издавањето обврзници покажува дека Франција може да финансира трошоци на зелени проекти со иста цена како традиционалните обврзници“, вели министерот за финансии Мишел Сапин.

Иницијативата за емисија ваков вид на должнички хартии од вредност, во април 2016 година, ја најави претседателот Франсоа Оланд.

Полска прва излезе на пазарот со зелени обврзници во декември минатата година, издавајќи обврзници во износ од 750 милиони евра. Вакви обврзници издаваа компании и финансиски институции како Светска банка.