Француска компанија лансира три теста за корона вирус

95

Француската биотехнолошка компанија Biomerieux објави дека ќе лансира три теста како помош во борба против корона вирусот.

Biomerieux, којашто нуди решенија во областа на дијагностиката, за да се идентификува извор на зараза, наведува дека го довршила развојот SARS-COV-2 R-GENE тестот за којшто очекува дека ќе добие европска ознака “CE”, пишува Reuters.

Oвој производ, исто така, ќе биде пријавен во американската Управа за храна и лекови поради авторизација, додаваат од компанијата.

Француската компанија развила уште два теста, коишто ќе бидат пријавени на регулаторните органи во вториот и третиот квартал годинава.

Фото: Pixabay