Француски Decathlon доаѓа во Хрватска

42

DecathlonЕден од најголемите трговци со спортска опрема, француски Decathlon наскоро треба да ја отвори првата продавница во Хрватска, пишува Пословни дневник.

Според неофицијалните податоци со кои располага весникот, првата продавница ќе биде отворена во трговскиот центар Кинг Крос на загрепски Јанкомир уште есенва. Ќе се простира на 3.500 метри квадратни, а ќе нуди опрема за сите спортови, од тенис до стрелаштво и нуркање.

Decathlon е еден од најголемите трговци со спортска опрема во светот, чии приходи минатата година изнесуваа околу 6,5 милиони евра. Во светот има преку 600 продавници, а познат е по тоа што повеќето продавници се простираат на повеќе од 4.000 метри квадратни.