Француски Sanofi ѝ помага на Moderna во производство на вакцини

28

Француската компанија Sanofi од септември ќе полни и пакува вакцини против коронавирусот на американската компанија Moderna во обид да се задоволи зголемената побарувачка.

Sanofi објави дека ќе помогне во производство на околу 200 милиони дози од вакцината на Moderna во својот погон во Њу Џерси. Финансиските детали од договорот, како што пренесува Ројтерс, не се откриваат.

Ова е трет договор на Sanofi потпишан годинава. Во јануари француската компанија договори соработка со американски Pfizer и германски BioNtech за производство на околу 125 милиони дози. Еден месец подоцна, постигна договор и со американски Johnson&Johnson за околу 12 милиони дози месечно.

Француската компанија претходно разви две вакцини против коронавирусот, едно во соработка со GlaxoSmihtKline, а другата со американски Translate Bio.

Фото: Freepik