Sanofi му помага Pfizer да произведе 100 милиони дози

40

Француската фармацевтска компанија Sanofi од јули ќе почне со полнење и пакување на милиони дози од вакцината на Pfizer и BioNTech против Ковид-19, за да помогне во задоволување на зголемената побарувачка за вакцината.

Sanofi ќе настојува оваа година да испорача повеќе од 100 милиони дози од своите фабрики во Франкфурт.

Американски Pfizer и неговиот германски партнер BioNech, како и останатите производители на вакцини, како што е AstraZeneca ќе се потрудат да ја задоволат огромната побарувачка за вакцини за да се сузбие пандемијата.

Минатиот месец Sanofi и британски GlaxoSmithKline информираа дека вакцината против Ковид-19 што заеднички ја развиваа, се покажа како недоволно ефикасна кај постарите лица, па затоа решија да го одложат нејзиното пуштање на пазарот до крајот на годината.

Компанијата од тој момент е под притисок да смисли начин како да им помогне на другите производите што испорачуваат вакцина додека пандемијата повторно се интензивира во Европа и во целиот свет.

Фото: Freepik