Француски Тотал: Повеќе нема да купуваме руска нафта

74

Француската нафтена компанија Total Energies соопшти дека повеќе нема да купува руска нафта и нафтени деривати.

Во соопштението се додава дека Тотал ќе обезбеди строго почитување на сегашните и идните европски санкции против Русија, без оглед на последиците за управувањето со имотот на компанијата во Русија, пренесува Ројтерс.