
Француските возачи сè повеќе избираат електрични возила бидејќи се соочуваат со зголемување на цените на горивата.
Последиците од војната на Блискиот Исток ја зголемија цената на барел нафта за повеќе од пет проценти, што дополнително ги зголеми трошоците за возење конвенционални автомобили, објави порталот BFM TV.
Филип, сопственик на гаражата на Рено, вели дека минатиот викенд продал рекордни 45 електрични автомобили, 10 повеќе отколку во вообичаените денови на отворени врати. Франсоа Баке од Фолксваген Франција го потврдува истото.
„Нарачките за електрични возила се зголемија за околу 40 проценти во споредба со март минатата година, а електричните возила сега сочинуваат 31 процент од вкупната продажба“, рече тој.
Студијата на европската невладина организација „Транспорт и животна средина“ покажува дека возачот на електричен автомобил троши во просек 77 евра помалку од возачот на автомобил со внатрешно согорување за да помине 1.000 километри, додека пред енергетската криза, разликата изнесуваше 39 евра, пренесува Танјуг.











