
Во Франција почнаа да поставуваат нов сообраќаен знак на патиштата, а на наједноставен начин можевме да го опишеме како бел дијамант на сина позадина. Која е функцијата на овој сообраќаен знак?
Новиот знак означува посебна лента на левата страна од патот наменета за возила со најмалку двајца патници, возила со налепница за нулта емисии, такси-возила , автобуси и други превозни средства од јавниот превоз.
Целта на уредбата е да се намали загадувањето на околината, а француските власти тоа сакаат да го постигнат со намалување на бројот на возила на патиштата со зголемување на заедничкото користење на автомобилите. Камери за брзина веќе се воведени во градови како Лион и Гренобл за да се открива бројот на патници во возилата.
Новата уредба не е единствениот обид на Франција да ги стимулира граѓаните да не се возат сами. Тамошните власти имаат план за подобра искористеност на капацитетот на приватните возила.