Fridge Eye – уред за фрижидер што детектира кои намирници се (не)потребни

33

Fridge Eye е уред, односно камера што следи што има во фрижидер и преку мобилна апликација го информира корисникот.

Со негова помош се одбегнува купување на вишок храна, се намалува отпадот, но служи и како потсетник за што следно треба да се купи.

Fridge Eye се поврзува со интернетот во домот и фотографира што има во фрижидерот секогаш кога тој ќе се затвори. Уредот може да се користи и на останати места каде што се чува храна.

На овој начин не само што се придонесува за намалување на отпадот, туку и се заштедува.

Производот е дело на стартапот brezzl. GmbH од Минхен, Германија, којшто постои од 2015 година.

Фото: Indiegogo