Frost Light – ламба од мраз

33

harvest_thermodynamics_2017_edhv_web_001-1200x1799

Фото: Edhv Studio

Холандската архитектонска фирма Edhv Studio го претвора мразот во светлечка ламба, пишува Inhabitat. Frost Light е направена од четирикомпонента LED светилка со скриени жици во метална плоча, блок од мраз, основа од чист алуминиум и долга метална инка од којашто тече вода во сад при топење на мразот.

Кога мразот е поставен на металната плоча, процесот на топење и добиената разлика во температурата генерира доволно енергија за да може LED сијаличката да свети три часа.

Frost Light беше креирана како дел колекцијата уметнички дела на Dutch Invertuals, Power Play, коишто покажуваат како може природната енергија да се трансформира во вредни производи или предмети.