Фруктал Мак прокнижи добивка од 4,7 милиони денари за девет месеци

48

fruktal-mak

Фруктал Мак во текот на деветте месеци од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 4.774.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Заклучно со 30-ти септември лани, компанијата оствари добивка од 5.327.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – септември оваа година, достигнаа ниво од 270.053.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 149.429.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата имаше вредност од 120.624.000 денари.

Фруктал Мак се занимава со производство на овошни сокови, нектари и пијалаци.