Фруктал Мак првите три месеци ги заврши со добивка од 1,4 милиони денари

40

fruktal mak

Вкупна сеопфатна добивка од 1.431.000 денари прикажа компанијата Фруктал Мак, во текот на првите три месеци од оваа година, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, Фруктал Мак оствари загуба од 416.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првиот квартал од 2016 година беа 65.317.000 денари. На домашен пазар се реализирани 35.648.000 денари, а на пазари во странство продажбата достигна 29.350.000 денари.