Фруктал Мак со добивка од 1,7 милиони денари во првите шест месеци

40

fruktal-mak

Фруктал Мак во текот на првите шест месеци од оваа година достигнаа ниво од 1.799.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно добивката на компанијата беше на ниво од 3.204.000 денари.

Вкупните приходи од продажба имаа вредност од 177.338.000 денари, од кои на домашен пазар беа на ниво од 98.560.000 денари, додека на странски пазари реализацијата изнесуваше 78.778.000 денари.

Фруктал Мак се занимава со производство на квалитетни овошни сокови, нектари и пијалаци без конзерванси.