Фруктал Мак со добивка од 6,5 милиони денари ја заврши минатата година

23

fruktal mak

Фруктал Мак, од јануари до декември минатата година, работеше со добивка од 6.550.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2014 година, компанијата прикажа загуба од 101.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на 2015 година беа 317.146.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 168.167.000 денари, додека на странски пазари се остварени 148.979.000 денари.

Основна дејност на компанијата е производство на овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси.