Фруктал Мак за шест месеци прокнижи добивка од 3,2 милиони денари

26

fruktal mak

Фруктал Мак од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.204.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Првото полугодие лани компанијата прикажа добивка од 3.068.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата изнесуваа 150.001.000 денари. Од тој износ 78.416.000 денари се реализирани на домашен пазар, а 71.585.000 денари од продажба на пазари во странство.