ФТ: Дел од планот на ЕУ пропадна

150

Брисел се откажа од своите планови за забрана на бродската индустрија на Европската Унија (ЕУ) да превезува руска нафта. Причината, како што објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ), е загриженоста на некои држави членки околу економски ефект на мерките.

„Европската Комисија (ЕК) се откажа од предлогот насочен на поморство што беше воведен во минатата недела, по жестокото лобирање на Грција и на Малта“, изјавија неколку извори што се упатени во преговорите за Фајненшл тајмс, пренесува Индекс.

Унгарија не даде поддршка за забраната на ЕУ за увоз на руска нафта, дури и по разговорите меѓу премиерот Виктор Орбан и шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, дознава Фајненшл тајмс.

Унгарија дополнително ја искомплицира ситуацијата, откако одби да поддржи ембарго за руска нафта. Фон дер Лајен, како што пишува Фајненшл тајмс, се обидела да го убеди Орбан да поддржи ембарго, нудејќи му дополнително време и потенцијална финансиска поддршка.

Унгарија е меѓу земјите кои се надеваат на подолго временски период за постепено воведување на забрана, а бара и финансиска поддршка од ЕУ во транзицијата од руски фосилни горива на инвестиции во алтернативна инфраструктура.

„Будимпешта е, исто така, вознемирена што ќе стане многу зависна од нафта што се црпи преку нафтоводот во Хрватска во случај на ембарго“, пишува ФТ.

Фон дер Лајен на Твотер напиша дека нејзиниот разговор со Орбан бил „корисен за разјаснување на прашањата во врска со санкциите и енергетската безбедност“.