Фурнаџиски со сусам – нов леб од Жито Лукс

182

Фурнаџиски со сусам е новиот леб од Жито Лукс којшто веќе е во продажба. Новиот вкус е приготвен според традиционален рецепт, произведен е од пченично брашно и малтозно јачменово брашно. Комбинацијата на брашна и богатството од сусам на кората, на овој леб му даваат карактеристичен мирис и вкус, мека структура и крцкава кора.

Достапен како свежо печена 350 грамска векна, фурнаџискиот леб со сусам е хранлив и вкусен леб што одговара за секој тип јадење.

Лебот со сусам, се придружува на богатата понуда на фурнаџиски лебови од Жито Лукс како нов член во фамилијата во чиј состав се и Класик, Интегрален, Селски, Рустика и Сомун.