Фустеларко Борец од Битола евидентираше 9,1 милиони денари добивка

61

fustelarko-borec

Компанијата Футеларко Борец од Битола, во текот на минатата година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 9.122.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во 2015 година, компанијата оствари 11.411.000 денари добивка.

Компанијата заклучно со 31.12.2016 година, оствари 233.508.000 денари вкупни приходи од продажба. На домашен пазар се реализирани 142.719.000 денари, додека остатокот од 90.789.000 денари е остварен во странство.

Основна дејност на компанијата е изработка на амбалажни кутии од картон за комерцијално пакување на производи од повеќе индустрии.