Фустеларко Борец од Битола прикажа добивка од 8,3 милиони денари во 2018 година

45

Фустеларко Борец од Битола минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка во висина од 8.341.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 1.533.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2018 година, изнесуваат 222.926.000 денари. На домашен пазар од тој износ се реализирани 149.630.000 денари, додека остатокот од 73.296.000 денари е остварен на пазари во странство.

На крајот на 2017 година, вкупните приходи од продажба имаа вредност од 208.981.000 денари.