Фустеларко Борец за шест месеци прикажа добивка од 9,9 милиони денари

50

fustelarko-borec

Компанијата Фустеларко Борец од Битола првото полугодие од 2016 година го заврши со вкупна сеопфатна добивка во висина од 9.983.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 7.937.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година беа на ниво од 118.513.000 денари. Од нив, на домашен пазар се реализирани 70.863.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 47.650.000 денари.