Gaia – Испечатена куќа од кал што чини 1.000 долари

23

Фото: www.3dwasp.com

Gaia е куќа што е испечатена со помош на 3D печатач, а како основен материјал за нејзина изработка се користи кал – градежен материјал познат илјадници години наназад, пишува Treehugger.

Зад овој проект, што се вика Wasp Crane, куќа стои италијанската компанија Wasp (World’s Advanced Saving Project), којашто се занимава со 3D печатачи.

За да се создаде една ваква куќа, се користи кал од непосредна близина на местото за градење, така што не се создаваат трошоци за транспорт, а во исто време и се заштитува животната средина.

Печатачот на Wasp има дијаметар од шест, а висина од три метри. Лесно се расклопува, а неговата структура овозможува поставување на дополнителни печатачи, доколку има потреба да се изгради објект со поголеми димензии.

Овој дом беше испечатен за 10 дена од локална кал, а чини само 1.035 долари.