Game of Thrones се враќа во Хрватска

33

Според најпопуларниот интернет портал за филмови IMDb, снимањето на продолжението за популарната серија Game of Thrones ќе се одржи и во Хрватска.

Серијата House of the Dragon е претходница на легендарната серија Game of Thrones и е заснована на материјал од романот Оган и крв. Долгоочекуваната серија ќе се снима и во Хрватска. Серијата, освен во Хрватска, ќе се снима во Исланд, Мароко и Велика Британија.

Сцените за Game of Thrones се снимаат во Хрватска уште од втората сезона, што и донесе на земјата многу туристи, особено во Дубровник. Според студија спроведена во 2017 година, Дубровник го посетиле 244.415 туристи поради Game of Thrones помеѓу 2012 и 2015 година и потрошиле 126 милиони евра.

Поради популарната серија, Дубровник и неговата околина годишно ги посетуваат околу 60.000 луѓе, а серијата е снимана во Сплит, Шибеник, Трогир и Макарска.

Фото: Pixabay