Истражувачи од Гана тестираат систем којшто ќе претвора лушпи од какао во био-гориво, пишува Inhabitat. Проектот е финансиран од универзитетот во Нотингем, Велика Британија и ќе биде тестиран во Гана, еден од најголемите производители на какао во светот.
Лушпите се процесираат во пелети, или цигли коишто горат во генератори и произведуваат “зелена“ енергија. Ова гориво може да биде значаен ресурс за руралните средини во африканската држава каде што само 15% од нив имаат струја.
Доколку проектот се покаже успешен жителите освен пристап до струја, ќе добијат и поздрава животна средина, а со тоа и подобро здравје. Ќе се озбезбедат и нови работни места, односно ќе бидат потребни работници за собирање, транспорт и обработка на лушпите од какао.
Планот е да се изгради мал генератор за производство на струја од ваков тип на био-гориво. Системот се очекува дa чини околу 50.000 долари и да биде ставен во функција во јули годинава.
Фото: Pixabay