Гасот скокна за 20 отсто по денешната одлука на Путин

142

Цената на гасот во Европа скокна за 20 отсто, по наредбата на Путин увозниците од „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи.

Цената на гасот во Европа надмина 1.350 долари за 1.000 кубни метри.

Владимир Путин денеска изјави дека „нема смисла да се испорачува стока од Руската Федерација во ЕУ и да се примаат стоки во нивната валута и дека плаќањето за гас ќе се претвори во рубљи“.

„Донесена е одлука плаќањата за испорака на гас во Европа да се претворат во рубљи што е можно поскоро“, изјавил рускиот претседател.