Гасоводот станува 100% државна сопственост

87

По долгогодишно преговарање меѓу државата и компанијата Макпетрол и повеќе судски спорови за сопственоста на гасоводот вчера во Собранието е изгласан законот со кој гасоводот преминува во 100% сопственост на државата, пренесува МИА.

Законот беше изгласан со 60 гласа “за“ и 30 гласа “против“, а за него во изминатите денови на маратонска седница дебатираа пратениците од власта и опозицијата. Законот наиде на остра реакција од страна на опозицијата, според која со ваквото законско решение се кршат повеќе членови од Уставот.

Со свое објаснување вчера се јави и компанијата Макпетрол, којшто во соопштение до јавноста нагласи дека никој ништо не и подарува, туку дека е направена проценка на АД ГА-МА од страна на Бирото за судски вештачења и утврдена е пазарна вредност од 65.547.810 евра.

Договорот за купување на делот на Макпетрол во АД ГА-МА беше склучен минатата година под медијаторство на Европската енергетска заедница. Преминувањето на АД ГА-МА во државна сопственост беше дел од третиот Енергетски пакет.

Фото: Freepik