
Рускиот енергетски гигант Гаспром нема да плаќа дивиденда за 2022 година.
Ваквата одлука е донесена на генералното собрание на акционерите на компанијата, на кое е усвоен годишниот извештај и избран е нов одбор на директори, пренесува Комерсант.
За првото полугодие, Гаспром веќе исплати привремена дивиденда во износ од 51,03 рубљи, односно 0,53 евра по акција – вкупно 1,208 трилиони рубљи, што е рекорден износ на дивиденди во историјата на компанијата.
Конечната дивиденда нема да се исплати поради значителен пад на приходите на Гаспром во 2022 година во однос на 2021 година.
На состанокот, ректорот на Државниот економски универзитет во Санкт Петербург, Игор Максимцев, стана нов член на Одборот на директори на Газпром.
За членови на Одборот на директори се реизбрани генералниот директор на Гаспромбанк Андреј Акимов, специјалниот претставник на претседателот на Русија Виктор Зубков, министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров, како и првиот човек на Гаспром Алексеј Милер.













