Газпром: Не е време да се исплаќа дивиденда за 2021 година

88

Акционерите на Газпром не донесоа одлука на годишното собрание за распределба на добивката и исплата на дивиденда за 2021 година, соопшти денеска компанијата.

Акционерите одлучија дека во сегашната ситуација не е препорачливо да се исплати дивиденда за 2021 година“, изјави заменик претседателот на холдингот Фамил Садигов, пренесува Тас с.

Заменик-претседателот на холдингот, Фамил Садигов, истакна дека актуелните приоритети на „Газпром“ се имплементација на инвестициската програма која вклучува гасификација на руските региони и подготовките за претстојната зима.