Газпром подготвен да испрати дополнителен гас

121

Газпром е подготвен да испрати дополнителни количества гас во Европа во согласност со долгорочните договори по пониска цена од онаа што моментално го оптоварува Стариот континент, изјави портпаролот на компанијата Сергеј Купријанов.

„Сите обвинувања против Русија и Газпром дека испорачуваме премалку гас на европскиот пазар се апсолутно неосновани, неприфатливи и невистинити. Едноставно кажано, тоа се лаги и измислици“, изјави Купријанов во интервју за руската телевизија. Тој додаде дека самата Западна Европа создала проблеми со кои се соочува сега и дека тоа не може да му се препише на Газпром, пренесува Срна.

Цената на 1.000 кубни метри гас достигна 2.187 долари на отворениот пазар во Европа на почетокот на неделава поради стравувањата од недостиг.