Газпром: Продолжуваме да ја снабдуваме Европа со гас преку Украина

126

Рускиот енергетски гигант Газпром денеска објави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку територијата на Украина, во согласност со барањата на европските потрошувачи.

Компанијата објави дека барањата за испорака до денес изнесуваат 106,6 милиони кубни метри, пренесува Ројтерс.

Рускиот гас сочинува околу 40 отсто од увозот на природен гас во ЕУ.