Газпром редовно испорачува гас во Европа преку Украина

64

Газпром вообичаено продолжува да испорачува руски гас во Европа преку украинска територија, изјави денеска портпаролот на руската компанија Сергеј Купријанов.

„Газпром нормално испорачува руски гас преку украинска територија, во согласност со барањата на европските потрошувачи, односно 79,6 милиони кубни метри“, изјави Купријанов за новинарите.

Оваа количина на испорачан гас е помала од предвидената со долгорочната резервација, која изнесува околу 109,5 милиони кубни метри дневно, јави Тас.

Од сабота, 9 април, нарачани се 78,3 милиони кубни метри гас.